Димитриевски се пожали: Никогаш не било полошо во државата

 

„Треба да се промени политичката гарнитура којашто е на власт и да дојдат нови луѓе кои ќе делуваат одговорно и ќе постапуваат согласно законот. Законот мора да биде над сите и сите да бидеме исти пред законот а факт е дека челниците на ДУИ и СДСМ сега се над законот. Во континуитет следиме дека меѓународната јавност преку своите претставници, дипломатите овде во континуитет потенцираат дека Македонија е Мека и Медина на корупцијата и организираниот криминал. Власта тоа го потврдува иако во минатото го негираше. Мора сериозни да бидеме кон ваквите извештаи кои доаѓаат од надвор бидејќи не само пречката која доаѓа од Бугарија туку и истите овие извештаи можат да бидат пречка за понатамошниот интегративен процес. Затоа велам дека оваа власт мора да понесе одговорност на следните парламентарни избори кога и да се и народот да одлучи. Никогаш не било полошо во државата, вели градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новоформираната политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во вечерашната дебатна емисија Само вистина на Канал 5 телевизија, со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. 

Димитриевски искажа јасен став дека актуелната власт не правела ништо да ја промени лошата состојба во земјата и покрај негативните извештаи што ги добива од Европската унија, коментирајќи го последниот извештај на ЕК за којшто вели дека е дел од општата реалност во Македонија. 

 

 

13.11.2023 - 19:23
Фото: 
Принтскрин „Канал 5“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега