Димитриевски: Пофалба за полициските службеници на Деве Баир, обвинувањата кон нив се неосновани

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски изразува пофалба за полициските службеници кои во саботата на граничниот премин Деве Баир најпрофесионално со надчовечка трпеливост и големо внимание ги извршуваа своите работни задачи.

„Обвинувањата кон нив од страна на приведените лица кои недолично и насилно се однесуваа при преминот на државната граница се неосновани. Поминав на границата во периодот непосредно по инцидентот и слушнав низ какви се вербални навреди и омаловажувања имаат поминато и воедно им честитам на професионалноста. Омаловажување, неовластено снимање, физички или вербален напад на униформирано службено лице е напад на Македонија“, потенцира Димитриевски.

Димитриевски, во саботата беше гостин во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија каде изјави дека во Куманово нема да се тргаат спомен плочите кадешто пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што во тоа време Бугарија била окупатор, не бил администратор.

„Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи“, рече Димитриевски.

06.02.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега