Одржана комеморација за петтемина загинати штипјани во дискотеката „Пулс“
Нашиот град никогаш нема да биде како порано. Овие невини млади животи што згаснаа прерано, ни даваат патоказ како треба да живееме и правилно да ја градиме нашата иднина. Нивните лица, дела и енергија да ги запаметиме и секогаш да останат врежани во нашите мисли! Ова е порака која беше испишани за петтемина штипјани кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски се петтемина штипјани кои загинаа, а денеска во организација на Општина Штип се одржа и комеморативна седница во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Комеморативната седница се одржа во присуство на родители, сопруги, роднини, пријатели, другари и другарки.
Како чин на споделување и сочувствува со тагата, заедно со смејствата на починатите присутни беа и министерот за култура, Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, заедно со претставниците на локалната самоуправа.
Министерот Љутков изрази длабоко сочувство за петтемина загинати штипјани, истакнувајќи дека целата држава е длабоко потресено од болка, а загубата е голема, која што го потресе општеството до неговите темели.
Градоначалникот Јорданов искажа големо и длабоко сочувство и рече дека имињата на петтмината загинати штипјани долго ќе одекнуваат во мислиите на секого.
Сопруги, другарчиња, роднини, блиски соработници со скршено срце секој еден раскажа за големината на Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа