Девојка од Арачиново во возило удрила полицаец во акција против продажба на дрога
Апсења и инциденти се одвивале вчера на подрачјето на Гази Баба при полициска акција за дрога.
Од МВР информираа дека приведен е В. Д. (34) од Скопје за кој биле обезбедени докази дека продава дрога, а при преглед на неговото возило бил најден хероин.
Во врска со настанот извршени биле претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица, кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници.
По преземените мерки, било констатирано дека се работи за лицето А. Ј. (26) од с. Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и приведена.
МВР најави пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа