Детектор: И да добиеме дополнителни гаранции 60% Македонци се против внесување на Бугарите во Уставот
Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции, покажува најновата анкета на Детектор спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните.
И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците.
57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени.
Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против.
Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите.
Истражувањето на јавното мислење на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведено со телефонска анкета во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа