Детектор анкета: Граѓаните не му веруваат на правосудниот систем

 

Граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните.


Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните додека му веруваат 25%.


Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%.


Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 
01  до 04 февруари оваа година.

 

19.02.2023 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега