Дете, жена и тројца мажи вчера биле каснати од кучиња скитници
На 19.12.2023 во 21:30 часот во Полициската станица Центар, Б.Л.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 19.12.2023 во 23:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Д.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Пехчевска“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 19.12.2023 во 15:40 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(21) од с.Стојаково пријавила дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ била касната од куче скитник.
На 19.12.2023 во 14:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.М.(55) од Скопје пријавил дека во с.Волково, скопско, бил каснат од куче скитник.
На 19.12.2023 во 02:30 часот во Полициската станица Драчево, М.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа