Дете избодено со нож на Бит Пазар

 

 

16-годишно дете било со нож избодено на Бит Пазар вчера, и донесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје. Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник, објави МВР во дневниот билтен.

 
28.12.2023 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега