Детали за тешката сообраќајка во Кисела Вода
Тешка сообраќајна несреќа вчеравечер го потресе Скопје, кога на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода дојло до директен судир на мотоциклист и автомобил.
Несреќата се случила во 18 часот и 55 минути, кога се судриле автомобил марка „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 34-годишниот Т.П. од Скопје и мопед со скопски регистарски познаки, управуван од страна на 22-годишниот скопјанец И.Д.(22).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. И сопатникот, 22-годипниот М.Ф. се здобил со телесни повреди при несреќата и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа