Денес топло со температури до 38 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23°C, а максималната од 31 до 38°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.

 
25.08.2024 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега