Ден на жалост во БиХ: Бројот на жртвите расте
Денеска е Ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони кои зафатија делови од земјата. Во БиХ се уште има жртви од поплавите и тој број постојано расте. Спасувачите и денеска се на терен, пренесуваат локални медиуми.
Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја се уште е исклучително тешка, а операциите за пребарување и чистење на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска.
Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.
Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќата што го зафати подрачјето на Јабланица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа