Делови од Скопје без струја и вода

Делови од општините Аеродром, Карпош и Центар денес ќе останат без струја, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот, ќе останат корисниците од улицата „Борка Талески“, спроти грчка Амбасада, дел од улицата „Никола Тримпаре“, од грчка Амбасада до Евангелистичка црква, дел од улицата „Дебарца“, од Евангелистичка црква до улицата „Ленинова“, дел од улицата „Ленинова“ во општина Центар“ -  се наведува во соопштението на РЦУК – Скопје.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од Долно Лисиче, како и од улиците „10“ и „12“ во општина Аеродром, а во периодот од 9 до 12 часот пак, корисниците од дел од улицата „4“ број 235, Бардовци, општина Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради поврзување на стара со нова мрежа на ул Петар Драганов бр22 без вода ќе биат краците 1,3,5,7,10 од бул Партизански Одреди во Карпош,од 10:00 часот до завршување на интервенцијата.

02.02.2024 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега