Дедо од Берово заработи кривична: Со тврд предмет удрил дете по глава


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 67-годишниот В.П. од село Будинарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, извести МВР.

„На 05.08.2024 во село Будинарци, беровско, откако пријавениот го забележал детето како со камења фрла кон неговото куче, со тврд предмет го удрил по главата“, соопшти МВР.

06.09.2024 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега