Дамева за интерпелацијата: Оставка се поднесува само ако има оправдани причини

 

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева вчера ја добила интерпелацијата.

- „Интерпелациата која е поднесена во Собранието ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и во фаза сум на анализирање на причините и генерално на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе и биде соопштен. Јавноста нема да остане без мое произнесување“, рече Дамова.

Вели дека оставката е личен чин и се поднесува кога постојат оправдани причини за тоа, во однос на очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да поднесат оставки.

12.02.2025 - 11:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега