Дали бојлерот троши повеќе кога работи постојано или кога се вклучува по потреба?

 

На форумите, социјалните мрежи и во живо често се водат дискусии за тоа дали бојлерот троши помалку струја кога е постојано вклучен или кога се вклучува по потреба, а еве што за тоа вели сервисер на апарати за домаќинство.

-Апсолутно не е точно дека е подобро за паричникот бојлерот да биде цело време вклучен. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на семејството. Доколку се работи за самец или брачен пар, порационално е да го вклучат бојлерот по потреба. Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, најзгодно им е бојлерот да е постојано вклучен бидејќи во секој момент некому ќе му треба вода, рече тој, а не заборави да спомене дека целта е исто така многу важна.

„Ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш пологично е повремено да го вклучувате. Ако се работи за голем бојлер што го користите и за кујнски потреби, тогаш многу ретко ќе го исклучите“.

Сепак, сервисерот заклучил дека е поекономично да се вклучи кога е потребно и откри како да го продолжи животниот век на бојлерот.

Тој нагласи дека не е важно дали бојлерот работи постојано или не се додека работат сите делови.

„Тоа не е човек на кој му треба пауза“, се пошегува тој, па откри мал трик.

„Трикот кој навистина функционира е да го поставите термостатот на 55-60 степени. Највисоката вредност што ја поставивте веројатно треба да биде 60. Ако термостатот постојано е поставен на 90, ќе се формира многу повеќе бигор бидејќи нашата вода е тврда“.

28.01.2024 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега