ЦУК: Вчера имаше 34 пожари на отворен простор, активни се уште два

 

Центарот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи. Активни пожари во земјава, од вчерашните, се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.

Во општина Македонски Брод, високо над село Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“. Конкретно, регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот се уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.

 

Вториот активен пожар е во општина Долнени, кај село Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, регионалниот ЦУК Битола, информи ра дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и две противпожарни возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на село Небрегово, над Манастирот. Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот, велат од ЦУК.

 

Изгаснатите 32, од вкупно 34-те, пожари на отворено во државата биле во:

 

– Општина Сарај, с.Глумово (каде што горело стрниште и сува трева);
– Општина Карпош, крај ул. „Франце Прешерн“ (сува трева и дрва);
– Општина Студеничани, 2, кај с.Моране (сува трева и дрва) и кај с.Црвена Вода (мешана шума);
– Општина Чучер Сандево, покрај патут кон ц.Блаце (сува трева);
– Општина Прилеп: м.в.на месноста „Над Бараки Варош“ (сува трева);
– Општина Долнени, 2, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос (сува трева);
– Општина Гевгелија, с.Миравци (сува трева и прнар);
– Општина Валандово, 2, кај с.Марвинци (сува трева и прнар) и кај с.Пирава (сува трева, капини, дел од лозје и овоштарник);
– Општина Кичево, 3: кај с.Осломеј, с.Зајас и кај с.Мамудовци (стрништа);
– Општина Свети Николе, 2: кај с.Амзабегово (стрниште, сува трева и трње) и во близина на река Мавровица (сува трева, трње, овоштарник и чемпреси);
– Општина Штип, 3: кај с.Калапетровци, реон во првец кон с.Кошево (дабова шума и сува трева), кај с.Селце (нискостеблеста и деградирана шума) и на месноста „Мирјанина Црква“ (сува трева);
– Општина Карбинци, с.Крупиште (стрниште и сува трева);
– Општина Пехчево, кај месноста „Крива Круша“ покрај патот Пехчево-Делчево (сува трева);
– Општина Куманово, 2, реон кај месноста „Муслимански гробишта“ и кај бензинска пумпа „Лукоил“ (сува трева);
– Општина Липково, 2, кај с.Лојане (сува трева) и кај с.Слупчане (сува трева);
– Општина Старо Нагоричане, 2, кај с.Никуљане (стрниште, сува трева и драка) и кај с.Младо Нагоричане (сува трева и отпад од пченка);
– Општина Ранковце, во реон на с.Ветуница (нискостеблеста шума, грмушки и сува трева);
– Општина Тетово, во реон на населбата „Вон Вардарска“ (сува трева);
– Општина Брвеница, с.Радиовце (стрниште и сува трева);
– Општина Гостивар, с.Турчане (сува трева) и во
– Општина Врапчиште: с.Топлица (сува трева).

 

 

12.10.2023 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега