ЦУК: Тигрите ја прекинаа потрагата по лицето кое утрово скокна во р.Вардар

 

Тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, поради временските услови ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Потрагата ќе ја продолжат рано наутро заедно со тимови на Црвениот Крст и Дирекцијата за заштита и спасување.

Денес е пребаран потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче“, велат од ЦУК за Прес24.

11.12.2022 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега