ЦУК предупредува: Може да падне уште еден дел од фасада во близина на МП
Според добиените писмени известувања од Регионалните центри за управување со кризи и од другите субјекти, од многу области коишто учествуваат во Системот за управување со кризи (СУК), Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше појава на силен ветер што предизвика повеќе видови штети, три пожари на отворено и паралелно со нив други противпожарни интервенции, а вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесува 1.590, при што имало 18,05% од итните реални повици за комбинирано решавање преку Секторот за операции и координација во ЦУК, што е речиси за двојно повеќе повци од вообичаениот просек за едно деноноќие, што ЦУК ги ги решава, секако, заедно со другите 59,43% повици, именувани и како „неитни повици“.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот број за итни повици Е-112, во 13:45 часот, добиена е пријава за паднат дел фасада и можна опасност да падне уште еден дел на ул. „Димитрие Чуповски“ (кај „Табако Жак Мар“), во близина на Министерството за правда. За ова ситуација, од страна на РЦУК Скопје известени се Општина Центар и Полициската станица во Центар („Беко“) за нивна понатамошна постапка. Исто така, поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје во текот на денот до единствениот број за итни повици Е-112, добиле пријави за паднати дрвја на 6 локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири од истите има пријава за оштетени автомобили. Исто така има пријави и за оштетена куќа и оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда. Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје се веднаш проследени до надлежните институции односно, општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за превземање на нивни понатамошни постапки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа