ЦУК: Десет пожари на отворено во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип информира за шест пријавени и изгаснати пожари на отворено.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Во последното деноноќие имало вкупно 1 732 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 43,30 %, а 56,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,21%, кон Итната медицинска помош 31,14%, кон пожарникарите 7,89% а кон ЦУК 1,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК 1,75%, со другите 56,70%, што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 986 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа