Црвениот крст и Армијата во акција: Брза реакција на пожарот во Чашка

Два хеликоптери на Армијата и на МВР денеска црпеа вода од мобилен резервоар поставен на фудбалското игралиште во селото Богомила, во Општина Чашка, кој за само 20- тина минути беше монтиран од страна на шестмина  волонтери на Црвениот крст од Велес и Скопје.

Мобилниот резервоар за вода е со капацитет од 8 тона. Како што инфорира за МИА, Орце Николов секратар на  ООЦК Велес, со овој мобилен резервоар за дури трипати  е скратено времето за дејствување на хеликоптерите.

- Наместо да одат и црпат вода од езерото од ХС „Лисиче“ тие црпеа вода за гаснење на шумскиот пожар од овој мобилен резервоар. Двата хеликоптери од него црпеа вода по 25 пати, а  по заминување на хеликоптерите кон  други реони со пожари во земјава, резервоарот беше  расклопен, појасни Николов.

Како што инфрмираат за МИА од Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, по заминување на хеликоптерите поради ветрот што дува се уште гори дабова и букова шума кон селото Папрадиште. Во негово гаснење се вклучени десетина вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и пет вработени од Општина Чашка.

07.08.2024 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега