CNN: Тешки времиња за Украина - западот се помалку зборува за победа

 

Негативната оценка за перспективата на Украина во конфликтот со Русија го помрачи расположението на нејзините сојузници и ги натера да почнат со преговори, наведува Си-ен-ен.

Западните земји, како што тврди американската медиумска мрежа, почнале многу помалку да зборуваат за победа на Киев на бојното поле, а многу повеќе за преговори. Целите, чие постигнување украинските власти би ги сметале за победа, изгледаат недостижни.

Во овој момент постои „тивко растечки консензус“ дека преговорите ќе бидат единствениот начин да се прекине конфликтот, се наведува во текстот, повикувајќи се на аналитичарката на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир Рим Момтаз.

„Киев сега е во една од најслабите преговарачки позиции од февруари 2022“, истакнува таа.

 

12.11.2024 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега