Чулев за Ангеловски: Беше храбро и силно момче, МВР изгуби голем професионалец

Утрово со неверување ја примив веста дека синоќа на Инфективната клиника во Скопје починал Игор Ангеловски – Гиле. Тој беше вработен во Министерството за внатрешни работи и за време на техничката Влада од моја страна беше назначен за Началник на Секторот за внатрешни работи во Велес, стои во Фејсбук статусот на поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

– Игор беше исклучително храбро и силно момче, спортист и полициски службеник во вистинска смисла на зборот. Позади себе ја имаше поминато речиси цела хиерарска поставеност во полицијата. Беше чесен и одговорен човек кој ја сакаше својата работа и со целото свое срце беше посветен на работните обврски во Министерството за внатрешни работи.
МВР изгуби голем професионалец, сите ние кои го познававме изгубивме вистински пријател, а неговото семејство го изгуби столбот, тој беше сопруг и татко на две деца.
Нема зборови со кои може да се долови тагата и болката од прераната загуба на младиот живот.
Почивај во мир Игор!, пишува тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега