Chrome е на мета: Расте популарноста на Microsoft Edge

Со години наназад најпопуларни интернет прелистувачи беа Google Chrome и Mozilla Firefox. Во близина беа и останатите конкуренти, но не и доволно блиску за да ги загрозат првите два.

Со оглед на тоа што корисничката база на Internet Explorer речиси целосно исчезна, Microsoft мораше да преземе нешто, па така беше направен Edge на Chromium погон. Тоа се покажа како одличен потег на компанијата затоа што е забележан раст на корисниците, а истовремено пад на корисниците кај Google Chrome.

NetMarketShare, компанија која следи кои интернет прелистувачи се користат, открива дека Microsoft Edge има додбар пораст во однос на претходниот период (8,84% удел на пазарот) и сега изнесува 10,22%.

Edge ја дуплираше базата на корисници во однос на истиот квартал од минатата година. Chromme и натаму има најголем број на корисници од дури 69,25%, но Chrome забележува благ пад од 0,69%. Надмоќта на Chrome може да се најде и во фактот што Android телефоните пристигнуваат со инсталирана апликација на интернет прелистувачот.

Од друга страна Microsoft истото го прави со Edge кај Windows оперативниот систем, но нема таков ефект на компјутерите каков што Google има кај паметните телефони.

Со најновиот скок Edge се најде на второто место и го надмина Mozilla Firefox кој сега има удел од 7,22% на пазарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега