Членовите на Управните и Надзорните одбори годишно не чинат 2 милиони евра

 

Речиси половина од директорските фотелји во јавните институции се пополнети од в.д директори, покажува извештајот на Центарот за управување со промени. Директорката на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска вели дека оваа состојба најмногу се должи на политичките пазарења.

Според неа, виршителите на должност се поставуваат најмногу поради тоа што дел од нив немаат потребни компетенции за да можат да конкурираат на јавен оглас, главно поради непознавање на странски јазици.

Највисок процент на в.д директори е во јавните претпријатија и јавните институции за социјална заштита.

423 институции во државата имаат Управни и Надзорни одбори. Годишно, членовите на овие Одбори не чинат безмалку 2 милиони евра. За нивните паушали во периодот од 2015 до 2017 година државата плаќала 2,5 милиони евра.

Но ова не значи дека трошоците де намалени поради намалени паушали, туку поради пандемијата од Ковид-19 Одборите не се состанувале толку често.

Извештајот на ЦУП покажува и дека онаму каде што членовите на Управните и Надзорните одбори земаат паушал по одржана седница, наместо фиксен паушал, Одборите се состануваат многу почесто, а одлучуваат по само една точка.

13.04.2023 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега