Честитки од британскиот министер за одбрана Валас до министерката Петровска за годишнината од членството во НАТО
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денес преку видео- конференциска врска разговараше со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас.
Во разговорот кој започна со честитки од министерот Валас за годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО, двајцата соговорници се фокусираа на силните сојузнички односи и идните активности за продлабочување на интенивната билатералната сорабока помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, а се осврнаа и на актуелната безбедносна состојба во Украина.
Петровска изрази благодарност за пријателската поддршка од Обединетото Кралство во процесот на воена интеграција во НАТО, при развивањето на одбранбените капацитети и способности на Армијата како и за континуираната поддршка во модернизацијата на армискиот полигон Криволак.
Министерот Валас ги оцени овие процеси како исклучително успешни, го подвлече процесот на модернизација на Армијата како позитивен и исклучително важен и ја поздрави улогата на Северна Македонија во регионалната безбедност и стабилност.
Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат сеопфатна соработка во областа на одбраната која се реализира во повеќе области: одбранбена политика, воена обука и едукација, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа