Честитка од Зечевиќ за Велигден: Да работиме за светла иднина на целиот наш народ

 

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и светиот Архиерејски Синод.
 
„За многу години Велигден!
На сите православни христијани им го честитам големиот празник, посакувам да го минат во добро здравје, спокој и мир, заедно со своите најблиски.
 
Значењето на Велигден е силна порака дека животот ја победува смртта со добри дела, човечност, љубов и цврста верба.  Стремежот за подобро утре, праведен и правичен свет е толку силен што поттикнува и сопствена жртва за општо добро. 
Како што значењето на Велгиден буди надеж во новите почетоци, со меѓусебно почитување, да подаваме рака, да правиме добри дела и да работиме за подобро утре, за светла иднина на целиот наш народ.
 
Христос Воскресна, навистина воскресна!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
16.04.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега