Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Македонија

 

Република Чешка и Република Словенија испраќаат меѓународна помош за справување со активните пожари што беснеат во повеќе региони во државата. Помошта вклучува хеликоптер за гаснење пожари од Чешка и тим од 50 словенечки пожарникари со специјализирана опрема, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

-Предмалку добивме понуда за помош со еден голем хеликоптер од страна на Република Чешка, истата веднаш ја прифативме. Хеликоптерот утре наутро ќе полета и во текот на утрешниот ден ќе биде на скопскиот аеродром, а веднаш потоа ќе биде упатен онаму каде што ќе биде најпотребен. Исто така, во денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија, со 50 пожарникари со специјални возила за гаснење на шумски пожари, ја прифативме и оваа помош. Словенците ќе тргнат утре околу пладне, а утревечер доцна во ноќта ќе бидат пристигнати во Берово, каде што ќе бидат сместени и ќе дадат поддршка на беровските пожарникари и другите служби кои што учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Готен од беровската страна, изјави Ангелов.

28.07.2025 - 19:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега