Цела недела ќе врне дожд: УХМР со најнова прогноза

 


До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на метар квадратен.

Утре, како што соопшти УХМР,  минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 11 до 20 степени Целзиусови.

24.03.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега