Бугарската фондација „Македонија“ сака да постави спомен-плоча на Делчев во Баница
Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската фондација „Македонија“ на Фејсбук објави дека луѓе од фондацијата денеска ќе постават венци за Гоце Делчев во селото Баница, каде загинал револуционерот. Како што вели тој, наскоро ќе добие писмена дозвола од грчките власти за таму да постави спомен-плочата.
„Овој четврток група на Фондација Македонија оди во фоајето на Гоце Делчев во село Баница, Серско за да постават венци, цвеќиња и да решиме каде ќе ја ставиме плочата за бугарскиот револуционер Гоце Делчев – откако ќр добиеме писмена дозвола од грчките власти. Веројатно со нас ќе земеме свештеник од БПЦ кој ќе служи молитва за Гоце.
Кој сака нека дојде – договоривме бесплатен превоз. Бараме едно лице со кола од Пловдив кое сака да дојде. Ќе му платиме за горивото. Пишете ни порака“, вели Стојанов во својата објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа