Британскиот премиер Сунак ја разреши министерката за внатрешни работи
Британскиот премиер Риши Сунак ја разреши министерката за внатрешни работи Суела Браверман.
Напуштањето на функцијата, како што во изјава за Би-би-си наведуваат извори од владата на Сунак, е поради реконструкција на кабинетот на британскиот премиер. Според истите извори, Сунак побарал од министерката Браверман да ја напушти владата, а таа прифатила.
Сепак, нејзиното разрешување следува по низата критики кои стигнаа на нејзина адреса откако таа во изјава за британски „Тајмс“ кажа дека полицијата била премногу попустлива кон пропалестинските демонстранти за време на протестите за поддршка за Палестинците што се одржуваа во Лондон.
Во контроверзната изјава, министерката рече дека лондонските полициски сили имаат игнорантски однос кон прекршувањето на законот од страна на пропалестинските толпи, а демонстрантите кои повикуваат на прекин на огнот во Појасот Газа ги обвини за омраза.
На протестите во саботата, екстремно десничарските демонстранти се судрија со полицијата во Лондон, а кртичарите обивинија дека Браверман со нејзините изјави придонесува за разгорување на тензиите.
По нејзините изјави, Сунак се соочи со зголемен притисок за нејзино разрешување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа