Бразилскиот претседател на интензивна нега по операција на главата

 

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва е на одделението за интензивна нега во болницата во Сао Паоло по операцијата на главата, а неговото закрепнување напредува добро, соопштија денеска лекарите на Лула.

Тие додадоа дека Лула се очекува да остане на интензивна нега 48 часа, пренесува АП.

„Лула добро напредува во непосредниот постоперативен период, без компликации. Ориентиран е, зборува и добро ја помина ноќта“, велат лекарите.

11.12.2024 - 19:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега