Божиновска: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ да закаже вонредна седница на Советот

 

 

Хаосот и економската катастрофа што му се случуваат на Град Скопје се директна последица од неодговорноста и неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, оценува Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ, додава таа, го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

„Се потрошија над 100 милиони евра народни пари и денес, Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот а ВМРО-ДПМНЕ мува не ги лази поради таквата состојба. И ова не е најстрашното што може да му се случи на Скопје, ако дојде до банкрот тоа ќе значи целосен распад на системот на Градот. Банкрот ќе доведе до нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација. Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот“, додава Божиновска.

Сите предуслови, како што вели, за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

Според неа, хаосот во градот кулминира а жителите на Скопје со право се лути и разочарани.

ВМРО-ДПМНЕ, според Божиновска, повторно му приредува нова катастрофа на главниот град.

22.05.2023 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега