Босна и Херцеговина ги почнува преговорите со ЕУ
Босна и Херцеговина ги почнува преговорите со Европската Унија. Лидерите на земјите членки на унијата на вчерашниот самит во Брисел донесоа одлука за отворање на преговорите со официјално Сараево
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција рече дека одлуката е „важна пресвртница“ за Босна и Херцеговина.
„Секако дека има чекори што треба да се преземат“, рече Мишел, мислејќи на подготовката на рамката за преговори.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави како што рече историската одлука за отворање на преговорите за членство со Босна коментирајќи дека Сараево за само една година забележало поголем напредок отколку за една деценија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа