Борисов: Горди сме што спасивме 50.000 евреи
Горди сме што Бугарија ги спаси бугарските Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Франција и од Македонија кои беа однесени во логорот на смртта, објави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Денес, кога повеќе од кога било имаме потреба од лекција по родољубие, се сеќаваме на подвигот на Бугарската православна црква, на политичарите, јавните личности, интелектуалците и обичните граѓани, кои не дозволија да бидат испратени во смрт нивните сонародници Евреи.
Настаните од март 1943 година одекнуваат до денес во светската меморија, потсетувајќи дерка има надеж дури и во најцрниот мрак, сè додека обединувањето се бара и се наоѓа во името на една повисока кауза, објави Борисов на својот профил на Фејсбук.
Горди сме, додава Борисов во објавата, и благодарни за подвигот на нашите предци што доведе до спасувањето на речиси 50.000 бугарски Евреи.
Бог да ги прости невините жртви на холокаустот, меѓу кои и 11.343 Евреи од териториите на денешните Грција и РС Македонија, чиишто животи ние Бугарите не можевме да ги спасиме, напиша Борисов на Фејсбук.
Од Македонија, бугарската фашистичка власт во логорот Треблинка испрати 7.144 Евреи од Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа