Борел: Се распаѓа руската воена моќ

Неуспешниот бунт на приватната воена група „Вагнер“ во Русија ги покажа пукнатините во воената моќ на Москва предизвикани од војната во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Монструмот што Путин го создаде со ‘Вагнер’, тоа чудовиште сега го гризе и работи против неговиот творец“, изјави Борел пред новинарите во Луксембург пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пукнатини“, рече Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ исто така предупреди дека „не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на политичка нестабилност“, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така верува дека сега е моментот ЕУ, повеќе од кога било, да продолжи да ја поддржува Украина.

26.06.2023 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега