Бора Чорба се бори за живот во Словенија

 

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ со денови е под лекарски надзор.

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ е во болница во Љубљана, а поради лошата здравствена состојба е на респиратот.

Според информациите на српските медиуми, пејачот бил интубиран и е во многу тешка состојба.

-За жал, состојбата уште е критична, а Бора е интубиран на одделението за интензивна нега, изјави извор за српските медиуми.

Сопругата на Бора, Дубравка, одбива да коментира на оваа тема.

-Сопругата не одговара и е далеку од очите на јавноста, што е сосема разбирливо во оваа ситуација, пишуваат медиумите

27.08.2024 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега