Болните од цистична фиброза со порака до Ковачевски: „Рековте лек ќе има за сите“

 

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за сите.
Иако беше најавено дека веднаш по изгласувањетот на законските измени во Собранието лекот Трикафта ќе биде достапен за сите, тоа се уште не се случи.

Игор Пехчевски, кој го бараше лекот од болничкиот кревет, го повика премиерот Димитар Ковачевски да постапи веднаш за да не биде предоцна.

Она што ние болните од Цистична фиброза го бараме е еднаков, недискриминирачки третман. Право на лек и право на живот Овозможете ни го лекот трикафта кој за мене и за останатите 80 мои соборци со генот делта F508 (F508del) кои живот значи. Животот ни зависии од лекот.

Со недонесување на лекот ни го ускратувате секој миг, секој момент од животот, ни ги усратувате нашите физички активности кои веќе и не сме во можност да ги извршуваме. Секојдневно живееме во страв и неизвесност за нашата иднина…
Го потсетувам премиерот кој во неговата изјава кажа дека по изгласувањетот на законските измени во Собранието лекот Трикафта ќе биде достапен за сите на кои им е потребен. Почитуван премиере постапете веднаш и сега за да не биде предоцна за секој еден од нас“ напиша Пехчевски на својот Фејсбук.

31.03.2023 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа