Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“


Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.

„Оваа одредба ја користиме врз основа на прибавување на нови докази. Барањето е поднесено поради нови околности и докази кои не беа употребени во доказната постапка. Имено, во стапување на правосилноста на пресудата каде тужител беше Орце Камчев се докажа дека при побарувањата се неутврдени, и не може човек кој не сторил неправо да бара право и не се утврдени елементи за да добие статус на оштетен и да добие назад средства кој што беа неутврдени во пресудата. Денеска доставивме барање при кое треба да се утврдат нови елементи со економско вештачење кој ги приложи Орце Камчев пред граѓанскиот суд. Самото економско вештачење не кореспондира со образложението на пресудата за Рекет и исказите дадени од Орце Камчев и Ана Камчева“, изјави Бојан Јовановски.

19.04.2024 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега