Бојмацалиев: МВР за 2023 е на прво место од владини институции за примена на системот за интегритет

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја информира јавноста дека денеска Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави извештајот за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, при што утврдено е дека МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетоста на обврските за примена на системот за интегритет.

„ МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет. Високото 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција се должи на целосната трансформација изминативе години од 2017 до денес, од институција со целосна срушена доверба до институција со најголема доверба меѓу граѓаните. За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР - Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.
Имено, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет. За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди. Преку мотото „МВР за граѓаните“ изградивме институција на професионалци со кредибилитет и професионален интегритет. Интегритетот како професионална категорија е клучна во градењето на силни институции отпорни на корупција и со тоа градењето доверба кај граѓаните. Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните”, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

 

01.04.2024 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега