Бојана Скендеровски: За мене музиката нема граници

 
Музичка ѕвезда Бојана Скендеровски со својата последна песна „Зад завесите“ го привлече вниманието на македонската јавноста.
 
„Зад завесите е песна која е смислена да допре малку подлабоко, и да не замисли што е она што вистински го сакаме, живееме и правиме зад завесите“, вели Бојана Скендеровски во интервју за Прес24.
 
„Секој пат сакам да го почувствувам пулсот на публиката, можеби некое мое издание ќе им се допадне повеќе или помалку, но и јас низ годините созревам, и се менувам, и сакам да експериментирам, но до одредени граници,многу големи и драстични промени во жанрови на музика не би правела, но за мене музиката е само добра или лоша, и не правам други поделби. Честопати гледачите можат да ме чујат лако пеам и модерна поп музика,но уживам и во македонските фолк нумери, а често пеам и странски рефрени, за мене музиката нема граници, изјави Бојана Скендеровкси за Прес24.
 
 
ПРЕС24: Бојана Скендеровски, со последната песна „Зад завесите“ се вративте во етерот со полна пареа, токму во стилот на доминантност, оној што е карактеристичен за Вас. Каде ја исцрпивте инспирацијата за креирање на еден ваков музички спектакл?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Зад завесите е песна која е смислена да допре малку подлабоко, и да не замисли што е она што вистински го сакаме, живееме и правиме зад завесите. Тоа е песна со емоција, и раскажува приказна во која можеби секој од нас може да се пронајде во одреден момент, дали сме вистинските во она што се претставуваме пред светот,и дали сме среќни?!
 
ПРЕС24: Спотот на песната е креиран според светски стандарди, со кого соработувавте и кој Ви помогна најмногу за креирање на истиот?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Спотот е дело на еден исклучителен уметник, Александар Ристевски Принц, многу често тој неценет онолку колку што заслужува, зошто можеби е преавангарден за нашето време. Тој низ целото видео испреплете симболи кои комплетно се во фузија со песната, артистично е целото видео, и не води низ еден паралелен свет кој на моменти е нереален. Сакавме да изгледа светски,зошто тоа го заслужува и публиката, но и нашата сцена.
 
 
ПРЕС24: Во претходни ваши изјави имате споменето дека сакате да експериментирате со стилот на музика, но без да правите драстични разлики. Дали се уште стоите на овој став или пак Вашето размислување е променето?
 
СКЕНДЕРОВСКИ: Секој пат сакам да го почувствувам пулсот на публиката, можеби некое мое издание ќе им се допадне повеќе или помалку, но и јас низ годините созревам, и се менувам, и сакам да експериментирам,но до одредени граници, многу големи и драстични промени во жанрови на музика не би правела, но за мене музиката е само добра или лоша, и не правам други поделби. Честопати гледачите можат да ме чујат лако пеам и модерна поп музика, но уживам и во македонските фолк нумери,а често пеам и странски рефрени,за мене музиката нема граници.
 
ПРЕС24: „Зад завесите“ е една несекојдневна нумера. Која е пораката зад оваа песна?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Зад завесите е еден многу сериозен текст на Ксенија Николова, во него раскажуваме приказна за отсуството на емпатијата во нашите животи, дали судиме предвреме кога го перцепираме светот околу нас, дали сме само обична публика, дали сме пресурови со предрасудите за она што го гледаме околу нас, дали сме се ставиле во нечија позиција, и дали навистина ја знаеме вистинската приказна која е зад завесите,или пак само судиме по амбалажата?!
 
ПРЕС24: Не толку одамна, доминиравте на македонските фестивали каде освојувавте бројни награди и признанија. Дали размислувате повторно да се вратите на домашните манифестации?
 
СКЕНДЕРОВСКИ: Се разбира дека се уште ги сакам фестивалите и да можно е некогаш повторно да им се вратам, но во моментов промоцијата на моите нови песни ќе биде нс малку поинаков начин, и се надевам што поскоро ќе се вратам на настапите во живо и ќе имаат прилика луѓето да ја доживеат мојата музика поинаку.
 
ПРЕС24: Вие сте креатор на повеќе музички нумери, дали имате омилена?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Немам омилена, сите ми се мои, и одбележале одредена фаза во мојот живот, ми помогнале во созревањето, навистина не би можела посебно да издвојам.
 
ПРЕС24: Некои знаат, а некои и не. Освен што сте една од најпознатите артисти на македонската естрада, Вие сте и сопруга и мајка на две дечиња. Како успевате во се? Колку е тешко да се направи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Навистина не е едноставно да се биде и мајка и да имате сериозна кариера, која бара многу жртвувања, но морам да признаам дека без подршка од мојот сопруг не би можела сама низ ова мое патување, а и секогаш треба да се прават компромиси, но улогата мајка е мојата најважна улога и секогаш кога навистина сакате нешто, со добра организација се постигнува.
 
ПРЕС24: Што можеме да очекуваме следно на професионален план?
 
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Оваа година ќе има уште најмалку две нови нумери, кои веќе се во подготовки со автори од Македонија но и надвор од неа, публиката нека очекува хитови и квалитетни видео записи и што поскоро дружење на живите настапи.
 

16.02.2022 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега