Бојан Миовски му одговори на Џејми Карагер во однос на досудениот пенал

Џејми Карагер го коментираше досудениот пенал за нашата репрезентација каде Македонија одигра 1-1 со репрезентацијата на Англија во рамките на последното коло од квалификациите за Европското првенство. Но, и нашиот Бојан Миовски имаше нешто да каже, односно му одговори на Карагер дека премногу зборува и се буни.

Карагер напиша: „Бизарни се овие ВАР пенали што се судат во Европа. Она што е повеќе бизарно е што не го досудија тој пенал врз Мегваер“.

Иако вчерашниот натпревар немаше никакво значење и за двете репрезентации, нашите фудбалери беа мотивирани и желни за да покажат дека умеат и знаат да им го отежнат „животот“ на Англичаните.

 

21.11.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега