Богдановиќ: Малата Анастасија замина на лекување во Сент Луис
Саша Богдановиќ на својот официјален фејсбук профил објави дека малата Анастасија денеска заминува на лекување.
„Анастасија денес заминува на своето лекување во Сент Луис. Од име на семејството, иницијаторот Biljana Janevska, организаторите Ana Todorovic Tribeca - Restaurant & Bar и Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski изразуваме голема благодарност до сите хумани и добри луѓе кои дојдоа и се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на малата Анастасија.
Да се помолиме и да стискаме палци целото лекување да помине во најдобар ред."- стои во неговата објава.
24.02.2023 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа