Битолчанец претепал 38-годишник, го удирал со дрвен предмет
Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 37-годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело насилство по член 386 од Кривичниот законик.
На 30.9.2023, во угостителски објект во комплексот „Нов пазар“ во Битола, пријавениот физички и со дрвен предмет нападнал 38-годишник од Битола.
По преземените мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот.
Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор
02.10.2023 - 16:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа