Биткоинтот руши рекорди: Една дигитална паричка сега вреди 62.575 долари!

Најпопуларната дигитална валута денес го сруши рекордот.

Цената на биткоинот достигна рекордни 62.575 долари, со што најголемата крипто валута во светот го продолжи порастот што започна во 2021 година кон новите највисоки нивоа.

Соборувањето на рекордот беше очекувано, особено откако Coinbeis го објави својот список.

Глобално најпопуларната дигитална монета досега е зголемена за повеќе од двојно по својата вредност досега оваа година, како резултат на растечкото прифаќање како средство за инвестирање и како средство за плаќање, бидејќи инвеститорите бараат средства со висок принос во средина со ниски камати, пренесува Ројтерс.

Големи компании, вклучително и најстарата банка во Њујорк БНИ Мелоун, Мастеркард и Тесла, се меѓу оние кои прифатиле плаќање или инвестирале во криптовалути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега