Битиќи: Разумот кај домашните и бугарските стопанственици преовладува

Покрај дневната агенда на одредени структури, разумното однесување на двете страни ќе преовлада, кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“.

-За жал во соседна Бугарија имаме неколку изборни циклуси последните две години и скоро пак ќе имаат, а малите политички елити тоа го користат за да го подобрат сопствениот рејтинг, без да размислуваат за последиците. Цената за да дојдат на власт не ја бираат, и така е од двете страни. Со економските чинители со кои комуницираме не сметаме дека ќе влијае состојбата значително, но секако ние не можеме да занемариме еден исчекор што го направи оваа Влада. За првпат имаме диверсификација на гас. Бугарската Влада се одважи и го зголеми капацитетот преку интерконекторот, сега се зголемени количините за гас и не зависиме само од рускиот гас. Некој сака да го искористи геополитичкиот момент за дневно-политички поени, рече Битиќи.

Според него разумот кај бугарските и македонските стопанственици ќе преовладее.

06.02.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега