Битиќи: Процентот на вработеност континуирано расте

 

Пандемијата имаше големо влијание врз економијата, без изгубени за жал работни места, но она што е позитивно е што животниот стандард расте, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за Сител телевизија. Тој нагласи дека со поранешниот износ на минималната плата биле потребни 3,2 минимални плати за покривање на семејната месечна кошничка.

-Со зголемувањето на минималната плата сега за истото е потребна една минимална плата помалку. Во 2021 година 2,2 минимални плати се доволни за покривање на кошничката за едно просечно четиричлено семејство, изјави Битиќи.

Тој додаде дека новата развојна економија ќе треба да се заснова на човечки капитал и добро платени работни места.

-Изгубени се работни места во градежништвото и угостителството, каде просечната плата изнесува 24 илјади денари. За споредба, двојно повеќе работни места се отвораат во информатичката индустрија и преработувачкиот сектор, каде просечната плата е 53 илјади денари и повеќе, нагласи Битиќи, додавајќи дека ќе треба да се работи на преквалификација.

Според него во вториот квартал од годинава имаме повеќе 2,450 работни места, а процентот на вработеност постојано расте.

-Ако Германија трпи загуби што ни е најголем извозен партнер, а тие имаат пад на БДП ние не можеме да очекуваме тогаш да имаме големо опоравување, но има доволно добри индикатори дека ова зголемување претставува добар тренд за растот на БДП и сметам дека 2021 година ќе ја завршиме со 4,1% раст, заклучи Битиќи.

15.09.2021 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега