Битиќи на Канал 77: 51% од изведувачите на изградбата на Коридор 8 ќе се домашни компании

 
Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10д, домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра додека нашата земја добива европски, модерни автопати, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
При неговото гостување во емисијата „Стадион“ што се емитува на Радио Канал 77, вицепремиерот Битиќи рече дека Коридорот 8, успеавме да го ставиме во паневропските коридори, што значи за прв пат Европската Унија може да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата за кои ние може секоја година да аплицираме.
„Во договорот стои дека 51% мора да бидат како изведувачи домашни компании, и кога договорот е 1,3 милијарди евра, тоа значи дека 650 милиони евра ќе завршат кај домашните компании“, изјави Битиќи, и објасни за јавноста дека цената на изградбата на коридорите 8 и 10д ќе чини 1,3 милијарди евра, и дека во ниту една пракса, експропријацијата на земјиштето не се вклучува во тендерската документација.
Вицепремиерот Битиќи се осврна и на многу актуелната тема со мерката за замрзнувањето на цените, за која рече дека како поборник на слободната пазарна економија, ја гледа и третира само како крајна мерка во случај кога другата страна не се однесува коректно на штета на граѓаните.
„Сум кажал и ќе повторам, ова го правиме само кога другата страна не се однесува морално и етички, затоа што во пазарната економија мора да има морал и етика. Првиот ден кога ја замрзнавме цената на лебот, јавно им се заблагодарив на пекарите кои ги намалија цените. Ние како влада сме покажале дека сакаме да помогнеме и помагавме, но кога јас субвенционирам компанија во време на криза, го правам да му биде полесно, а не да го зголеми својот профит, го правам за граѓанинот има поевтини цени“, изјави вицепремиерот Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи одговараше на разни прашања од делот на економијата, покачувањето на минималната плата, невработеноста, но и за дебатата за увоз на работна сила, при што кажа дека невработеноста ќе се намали преку доквалификација на невработените и нивно оспособување на потребите на пазарот на труд, и преку дуалното образование и анализи за тоа кои професии и се потребни на државата, и така да се гради образовниот систем.
11.03.2023 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега