Битиќи: Двигател на развојот во земјава е самото стопанство

 

Различна е структурата на компании што земаа помош за исплата на плати, но со вториот интервентен план за инвестиции излеговме со сума што беше далеку поголема од она што коморите го побараа и со тоа се покажува дека го менуваме целиот систем на поддршка за компаниите, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во гостувањето на Сител телевизија.

 

Посочи дека веќе се потпишани 245 договори со компании кои имаат инвестициски циклус над 150 мииони евра, што државата ги помога.

 -Се разгледуваат барања на нови 150 компании. Оваа година ќе ја завршиме со 380 активни договори за поддршка на домашни и странски инвестиции, без оние од ТИРЗ. Со овие од зоните, тоа се вкупно 420 компании, кои повеќето имаат договор од пет до десет години, истакна Битиќи.

Според него, тоа се околу 700 до 800 милиони евра само од преработувачкиот сектор.

-Двигател на развојот е самото стопанство. Ги охрабрувам сите компании дека во Владата ќе најдат партнер, а конзистентноста во мерките покажува дека воспоставуваме систем на програми кои даваат структура на економија што е поддржана, но водилка е самиот бизнис, заклучи Битиќи.

15.09.2021 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега