Бидете внимателни: На „Фејсбук“ кружи соопштение, многумина се излажаа
Изминативе денови на „Фејсбук“ се појави позната објава во која поверуваа голем број корисници на оваа социјална мрежа.
Имено, на „Фејсбук“ кружи соопштение во кое корисниците се поканети да споделат одреден текст на својот Timeline за да ги заштитат своите лични податоци.
Истата лажна објава ги предупредува корисниците дека „Фејсбук“ набргу ќе почне да се наплаќа.
„За секој случај. Напомена: Бевме советувани од адвокат да го објавиме ова. Повредата на приватноста може да биде казнива со закон“, пишува на почетокот на оваа лажна објава.
На корисниците им се советува да не наседнуваат на оваа лажна објава бидејќи со тоа што ја споделуваат на нивниот Timeline не ги штитат своите податоци.
Исто така, „Фејсбук“ нема да почне да ја наплаќа претплатата од понеделник, се вели во соопштението. „Мета“ најави воведување претплати на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, но тоа е опционално и овозможува гледање содржини без реклами.
Се истакнува дека содржината на објавата е измислена, лошо преведена и многу е чудно што ја споделуваат голем број луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа