Бесими: Автопатите на Бехтел и Енка ќе донесат плус 2 отсто развој на БДП
Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за „Гласот на Америка“ изјави дека четирите автопатски делници кои Бехтел и Енка ќе ги гради на Коридорот 8 и 10д ќе донесат дополнителен раст од 2 отсто на Бруто домашниот прпизвод.
- Во однос на изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10, министерот за финансии посочува дека со нивното завршување нашата земја ќе стане крстосница на европските патишта, на клучните паневропски коридори, што е стратешки важно како за нас, така и за целиот регион. Проектот неколкукратно ќе ја подобри економската позиција и економскиот развој, со ефект од околу 2% од БДП на годишно ниво, или 10% од БДП во тек на 5 години колку што ќе трае, рече Бесими.
Тој додаде дека овие очекувања се темелат на заложбите на Владата да ги зголеми значително јавните инвестиции, преку крупни капитални проекти како почетокот на четирите нови автопати на Коридорите 8 и 10, но и изградбата на источната и западната пруга на железницата на Коридорот 8 и рехабилитација на пругата на Коридорот 10, како и вложување во енергетската независност.
Бесими истакнува дека и преку програми финансирани од буџетот се поттикнуваат и приватните инвестиции. Тековно, останува поддршката за граѓаните и стопанството за полесно соочување со глобалната криза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа